Потписи за референдум против ковид сертификатите во Хрватска
![Потписи за референдум против ковид сертификатите во Хрватска](https://gdb.rferl.org/0bd80000-0aff-0242-7768-08d9ad941f73_w800_h450.jpg)
Во Хрватска во организација на десничарската партија Мост почна соборање на потписи за референдум за укинување на ковид потврдите во државните и јавните институции. За да се организира референдумот, во следните две недели, до 18 декември, потребно е да се соберат околу 370.000 потписи од граѓаните.
Доколку тоа се случи, граѓаните би решиле во рок од 30 дена да ги укинат ковид сертификатите за влез во јавните и државните институции, но и да ги префрлат надлежностите од Националниот штаб за цивилна заштита, кој носи епидемиолошки мерки, на Собранието. Потписи се собираат на околу 1.200 места низ Хрватска.
„Мост не е против мерките, но бараме тие да бидат конзистентни, епидемиолошки засновани и недискриминаторски“, изјави пратеничката на Мост, Марија Селак Распудиќ.
Протести во Хрватска поради задолжителните ковид сертификати
Според неа, алтернативи на ковид сертификатите би било тестирање на ранливите групи во сите институции и почитување на епидемиолошките мерки.
Инаку сертификатите за ковид докажуваат дека некој е вакциниран, дека прележал ковид 19 или е негативен. А за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус.