Прифатени три, одбиена една кандидатура за претседател на СДСМ
![Прифатени три, одбиена една кандидатура за претседател на СДСМ](https://gdb.rferl.org/05320000-0a00-0242-775d-08d9b3162d4d_w800_h450.jpg)
Централната изборна комисија на СДСМ одлучила дека три од четирите поднесени кандидтури за лидер на партијата ги содржат сите потребни документи и ги исполнуваат сите услови согласно правилатакои беа распишани, соопшти денека Славјанка Петровска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање до каде е верификацијата на кандидатурите.
Партиски конгреси- Заев заминува, Мицкоски ќе се освежи со нов мандат
„Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа.“, рече Петровска.
Кандидатури поднесоа Фросина Ременски, Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Властимир Алексовски.
Вонредниот конгрес на СДСМ на кој треба да се избере нов лидер ќе се одржи на 12 декември.