Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи
![Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи](https://gdb.rferl.org/F3544211-654E-4272-BC86-A0209E7B56C5_w800_h450.jpg)
На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој наведе дека се замрзнуваат цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.
Бектеши - Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.