Харадинај бара ден на жалост во Косово по повод смртта на американскиот сенатор Боб Дол
Поранешниот косовски премиер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска му оддаде почит на американскиот сенатор Боб Дол, положувајќи цвеќе кај неговиот споменик во косовската престолнина.
Во објава на својата Фејсбук страница, Харадинај предложи косовските институции да прогласат ден на жалост во чест на Дол.
Почина поранешниот американски сенатор Боб Дол
„Поклон со почит за херојското дело на сенаторот Боб Дол. Предлагам косовските институции да прогласат ден на жалост во негова чест“, напиша Харадинај.
Сенаторот Дол почина во понеделникот, на 6 декември, на 99-годишна возраст. Во Косово, како и воопшто меѓу Албанците, тој се смета за голем пријател на албанскиот народ и еден од најголемите американски лобисти, со големи заслуги за осамостојувањето на Косово.
Боб Дол трипати учествуваше во трката за републикански претседателски кандидат. Тој загуби од Роналд Реган во 1980 година, потоа од Џорџ Буш во 1988 година и на крајот доби номинација во 1996 година, но изборите ги изгуби од демократскиот кандидат Бил Клинтон.
Дол се врати крунисан со медали, но тешко ранет, од Втората светска војна и повторно научи да оди и да владее со телото, освен со десната рака.