Седум починати и 168 заразени со ковид-19
![Седум починати и 168 заразени со ковид-19](https://gdb.rferl.org/f3a92e0c-c8b9-4580-88c0-a67d1653f6bd_w800_h450.jpg)
Во изминатите 24 часа регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 од направени 1.478 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Најмногу од новите случаи се регистрирани во Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти.
Минатата недела намален бројот на новозаразени и на смртни случаи од ковид-19
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица на возраст од 55 до 77 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.