Министерствата инертни по препораките на Народниот правобранител
![Министерствата инертни по препораките на Народниот правобранител](https://gdb.rferl.org/e0d61e1c-2019-45c2-8b87-f8ab23797d73_tv_w800_h450.jpg)
Министерствата за здравство, за транспорт и врски, за труд и социјална политика, за образование, дел од судовите и обвинителствата се инертни кога станува збор за претставки на Народниот правобранител со што не овозможуваат ефикасна заштита на правата на граѓаните, покажува анализата на Омбудсманот. Омбудсманот Насер Зибери вели дека министерствата се често инертни и не соработуваат доволно со Народниот правобранител.