Пендаровски прими трета доза вакцина против ковид-19
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот.
„Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите“, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид -19.
Регистрирани 361 нов случај на ковид 19, починаа осуммина
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов 2.
Според статистиката за период од 6 август до 2 декември, од 60 772 заразени граѓани, 69 отсто од не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Дури 79 отсто од починатите не биле вакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.