МЕПСО- Отстранети се дефектите кои предизвикаа прекин во снабдувањето со струја
![МЕПСО- Отстранети се дефектите кои предизвикаа прекин во снабдувањето со струја](https://gdb.rferl.org/A3FBDD78-F42E-45C5-9207-397EA3724D25_w800_h450.jpg)
Отстранети се дефектите кои предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти МЕПСО. Во нивното соопштение е наведено дека сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места.
Причината за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи, тврди МЕПСО.
„Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на терен, работат на санирање поситни дефекти кои не влијат на снабдувањето со електрична енергија“, велат од МЕПСО.
Охрид, Струга, Ресен, Дебар... останаа без струја
Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.