Облачно со слаб локален дожд, на планините и повисоките места снег
Денеска не очекува слаб локален дожд, особено претпладне во југоисточниот дел на земјата. На повисоките планински места се очекува повремени снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Најмногу снег утринава е забележан на Попова Шапка каде се измерени 88 сантиметри, потоа во Маврово 49, Пожаране 22, Крушево 19, Гостивар 7, Тетово 5, и Дебар 4 сантиметри.
Викендов- врнежливо и облачно
Најстудено утрово било на Попова Шапка со измерени -5 степени и во Маврово со измерени – 2 степени, а најтопло во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Дојран, Штип, Демир Капија, каде се измерени 4 степени целзиусови.
Во текот на ноќта и утрово времето се задржа облачно со врнежи од дожд претежно во првиот дел од ноќта и повеќе на северот и истокот од земјата.
Како што информираат од УХМР, во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.