Милевски: Договорот Заев - Гаши е направен со одредена уцена
Власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори или да направиме некој компромис, коалиција со други партии за да се зголеми парламентарното мнозинство. Алтернатива го искористи тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, вели Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер за локална самоуправа во неделното интервју на РСЕ.