Нови 308 случаи на заразени со ковид-19 и 8 починати лица
![Нови 308 случаи на заразени со ковид-19 и 8 починати лица](https://gdb.rferl.org/4aabe467-38a9-4f89-9ebd-79523d523caf_w800_h450.jpg)
Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 308 случаи на ковид -19, од направени вкупно 2.643 тестирања. Во изминативе 24 часа 8 луѓе ја изгубиле битката со ковид-19 од кои 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Починатото лице е на возраст од 86 години и починало во болнички услови.
Вкупно 12 починати и нови 377 случаи на заразени со ковид -19
Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.