Дождот предизвика штети и одрони на патишта низ Источна Македонија
![Дождот предизвика штети и одрони на патишта низ Источна Македонија](https://gdb.rferl.org/703CC176-233E-4D18-A28D-EE9124BD8DC2_w800_h450.jpg)
Силниот дождот во Струмичко предизвика штети на повеќе локации, а најсериозно е во општина Ново Село. Таму е затворен за сообраќај патниот правец меѓу селата Мокрино и Смолари поради појава на свлечиште и одрони, а во селото Мокрино поплавени се неколку куќи и дворови од излевање на локален водотек. Градоначалникот на оваа општина, Ѓорѓе Божинов изјави дека екипите на комуналното претпријатие се на терен.
Дождови го наполнија коритото на река Брегалница во Делчевското централното подрачје, предизвикувајки поплави во неколку штали и викендици. Под вода, како што јавува новинската агенција МИА е и дел од месноста Црквенска Река, како и одредени места низводно од Брегалница.
Поплави од синоќа до утрово се забележани и на повеќе места во беровско, каде меѓу поголемите проблеми кои ги создадоа обилните врнежи се паднати столбови и лошата состојба на патот Берово – Смојмирово и Мачево – Владимирово.
Освен надојдената река, во Делчевскиот регион проблеми прават и одроните. Откако синоќа не беше препорачливо движењето по магистралата А3 поради одрони, денес како што информира раководителот на подружницата на Македонија пат, Влатко Цоневски, делницата Делчево – М.Каменица – Кочани редовно се чисти од одрони, но, според него останува апелот да се вози внимателно на овој патен правец.