Војската и полицијата на помош во справувањето со поплавите во Албанија
![Војската и полицијата на помош во справувањето со поплавите во Албанија](https://gdb.rferl.org/4BA77694-A09E-4C62-86DD-5D08AD7FC9D4_w800_h450.jpg)
Се влошува состојбата со поплавите во Албанија. Илјадници хектари земјоделско земјиште се под вода, поплавени се куќи, евакурани цели семејства. На помош во справувањето со последиците од поплавите се армиските и полициски сили, како и медицински екипи со возила за брза помош.
Посебно критична е состјбата по течението на реката Вјоса која е излезена од своето корито во повеќе населени места во Валона и Фиер, каде поради високото ниво на вода не може да се минува преку неколку мостови.
Мета- Албанските институции повеќе да грижат за заштитата од поплавите и снегот
Во Новосело спасувачките екипи евакураа повеќе семејства, дел од нив неколку часови биле на покривот на поплавените куќи. Надојдената река Сушица поплави куќи, а урна и мост во општина Химара.
„Под вода се повеќе илјади хектари земјоделско земјите. Нема граѓани во опасност, навреме се евакуирани, а во тек се активности за евакуација и на добитокот. Сите расположливи сили се на распогање во заштита на животот на граѓаните и имотот“, изјави Хаки Чако, директор на дирекцијата за заштита и спасување.
Во повеќе делови од земјата, главно во северниот и источнот дел, поради високата снежна покривка блокирани се неколку населени места, кои се и без елекрична енергија.