Бугарскиот парламент утре ќе ја избира новата влада
![Бугарскиот парламент утре ќе ја избира новата влада](https://gdb.rferl.org/007e0000-0aff-0242-237b-08d9bca9ea87_w800_h450.jpg)
Бугарските пратеници утре по пладне ќе оддржат вонредна седница на која ќе гласаат за предложениот нов владин состав на коалицијата предводена од мандатот Кирил Петков.
На дневен ред предложен и одобрен од претседателот на Народното собрание е изборот на премиер на Република Бугарија, усвојување на структурата на редовната влада и нејзиниот избор од пратениците.
Кирил Петков, копретседавачот на најголемата политичка сила во новиот парламент – „Промените продолжуваат“ вчера од претседателот Румен Радев го доби мандатот за состав на новиот кабинет.
Борисов нема да ја поддржи новата влада на Петков
За да се прифати предложената влада и кандидатурата за нов премиер, потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, потсетува дописникот на МИА од Софија. Четирите партии кои се согласија да формираат заедничка бугарска Влада имаат 134 пратеници.
Петков- Бугарската позиција кон Северна Македонија останува таква каква што е, но ќе ја надградиме
Ова ќе биде прва редовна влада на Бугарија откако две привремени влади ја предводеа земјата за време на осуммесечната политичка криза.