МАЛМЕД – Пандемијата ја зголеми употребата на антибиотици
![МАЛМЕД – Пандемијата ја зголеми употребата на антибиотици](https://gdb.rferl.org/3240310A-2ECA-41BD-A515-133D0B935D72_w800_h450.jpg)
Од почетокот на пандемијата со ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотици, соопштија од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Од таму велат дека будно ја следат употребата на антибактериските лекови.
Антибиотици се пијат и кога треба и кога не треба, бактериите стануваат отпорни
Од Агенцијата ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици и апелираат антибиотици да се издаваат само на рецепт.
Од МАЛМЕД посочуваат граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.