Радев го свика советот за национална безбедност да разговараат за Македонија
![Радев го свика советот за национална безбедност да разговараат за Македонија](https://gdb.rferl.org/08ef0000-0a00-0242-f921-08d9c0b6d0d2_w800_h450.jpg)
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.
Петков: Ако се даде „зелено светло“ за Скопје веднаш ќе се зајакнат националистите во двата табора
„Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат“, изјави бугарскиот претседател Радев.
Бугарија ги блокира македонските евроинтеграции со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја.