Трето обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците
![Трето обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците](https://gdb.rferl.org/fc2f7c85-951b-469b-8235-8dcc2b7ef5cb_w800_h450.jpg)
Претседателот на државата Стево Пендаровски в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Тоа ќе биде трето по ред годишно обраќање на Пендаровски пред пратениците откако е претседател.
Според објавеното на собранискиот сајт, говорот е најавен за во 12 часот.
Оваа година Пендаровски на пратениците ќе им се обрати во интензивна политичка клима, во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето.
Премиерот Зоран Заев најави дека следната недела ќе си поднесе оставка од функцијата, по што Пендаровски треба да му додели мандат на новиот мандатар.
Заев: одлуката за оставката ќе ја донесам следната недела
Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.