Лајчак- Скопје и Тирана да почнат преговори со ЕУ, еден од четирите балкански предизвици
Специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак вели дека кога станува збор за Западен Балкан гледа четири поголеми предизвици, еден од нив и најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со ЕУ. Најсериозен проблем е кризата во БиХ.
Бугарскиот премиер во Брисел - има ли надеж за нова атмосфера во преговорите?
„Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, бидејќи тоа не ги засега само тие две земји, со оглед на тоа дека Срби и Албанци живеат во секоја земја на Балканот, а односот меѓу Србија и Косово влијае на регионалната соработка и затоа тоа е предизвикот од најголемо стратешко значење, изјави Лајкач во интервју за бањалучкиот портал Бука.
Еурактив: Членките на ЕУ едвај нашле заеднички јазик за проширувањето кон Западен Балкан
Според него најсуштинско прашање е каков ќе биде Балканот, односно дали ќе има Балкан кој ги споделува европските вредности, кој промовира демократија и владеење на правото, кој се бори против корупцијата и кој има независни медиуми и граѓанско општество?
„Или ќе добиеме општества во кои нема ништо од тоа, а да имаме некаква авторитетна влада без почитување на европските вредности. Овој натпревар се случува токму сега додека разговараме и мислам дека е многу важно и ЕУ и земјите од регионот да се приклучат не само административно, туку пред се според заедничкиот систем на вредности“, потенцира Лајчак.
На прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина Лајчак потсети дека „лидерите се сретнаа во јуни и јули во Брисел“ и се подготвени, како што рече, повторно да дојдат.
„Работиме на тој состанок да донесе одредени конкретни одлуки. Тој дијалог не е едноставен, но постои и верувам дека многу брзо ќе видиме конкретни резултати“, вели Лајчак. Ескалацијата, потенцира тој, не е во интерес на „ниту едната страна“.
Што се однесува на Црна Гора, тој оцени дека таа е најнапредна од сите земји во регионот, иако откако ги отворила сите поглавја, во последната година нема речиси никаков напредок.