Русија прати бомбардери на границата со Белорусија
Русија испрати два стратешки бомбардери способни за носење нуклеарни боеви глави да патролираат по западните граници на сојузничката Белорусија на 18 декември, објавија властите во Минск, во услови на зголемени тензии низ Источна Европа.
Двата бомбардери беа придружувани од борбени авиони и од руската и од белоруската авијација. Ова е трета ваква мисија во областа во последниот месец. Тензиите меѓу Русија и Западот се засилени поради трупањето на руски војници во близина на границата со Украина. Во истовреме, односите на Белорусија со Европската унија се затегнати поради мигрантската криза долж нејзината западна граница за која ЕУ вели дека била намерно поттикната од Минск.
ЕУ до Москва - Ако има акција кон Украина ќе има и санкции
Официјални лица во Киев изразија стравување дека Москва би можела да ја искористи белоруската територија за да поддржи напад врз Украина. САД и НАТО предупредија на „големи последици“ доколку Русија ја нападне Украина.
Што се крие зад стравот од можна руско-украинска војна?
Москва и Киев се во несогласувања од 2014 година кога Русија го анектира украинскиот полуостров Крим и почна да обезбедува воена, политичка и економска поддршка за сепаратистичките формации во делови од источна Украина.