Славија се продава за бадијала или најубавото е веќе продадено?
Пред 10 години Славија се нудеше на продажба за над 7 милиони евра, но не се најде купувач. Денеска фирмата се продава за 200 илјади евра. Опозицијата обвинува дека човек близок на СДСМ треба да ја купи за багателна цена. Власта вели дека ВМРО-ДПМНЕ, додека биле на власт, тајно и на парче ги продале најатрактивните имоти на Славија.