Израел се противи на обновување на нуклеарниот договор со Иран
Изралескиот премиер Нафтали Бенет денеска на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан го потврди противењето на Израел на преговорите за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година. Саливан, пак, му пренел на Бенет дека Соединетите Држави и Израел се во „критичен момент“ за различни безбедносни прашања и дека треба да развијат заедничка стратегија.
Посетата на Израел на Саливан доаѓа додека преговарачите известуваат дека разговорите во Виена со цел заживување на договорот се одвиваат со бавно темпо, додека Соединетите Држави изразуваат загриженост дека времето потребно за Иран да развие нуклеарно оружје стана „неприфатливо кратко“.
Канцеларијата на Бенет соопшти дека тој и Саливан разговарале за Иран и напорите на светските сили да го обноват договорот.
МААЕ: Не можеме да покажеме јасна слика за иранската нуклеарна програма
Израел постојано ги критикува разговорите во Виена за враќање на договорот.
Британија го моли Иран за сериозен пристап кон нуклеарните разговори
Последната рунда разговори чија цел беше спасување на договорот меѓу Иран и светските сили беше одложена на 17 декември. Разговорите е планирано да продолжат следната недела.