По една година пауза, во Скопје се одржа трката на дедомразовци
По една година пауза поради ковид-пандемијата, на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учесници од најразлични возрасти облекоа дедомразовски костум и ја истрчаа патеката од два километра.
Миомир Алесовски, победник од трката во 2019 година, и овојпат прв ја истрча патеката. За него ваквите настани претставуваат убав начин да се подигне предновогодишното расположение.
Повторно блесна подводната елка во Охридското Езеро
„Мојот мотив беше да ги израдувам моите најмили, најблиски. Ќерката имаше желба да се качи на подиум оваа година, па со неа ќе ја подигнеме првата награда“, истакна Алексовски.
Патеката имаа можност да ја истрчаат и учесници со своите деца и миленици.
Пред и по трката посетителите уживаа во музичка програма, а учесниците се загреваа со фитнес инструктор.
Трката е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Кока-Кола и Град Скопје.