Кривична пријава против екс директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања доби денеска Зоран Поповски, поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Пријавата ја поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, информираат од МВР.
Додека бил директор на Агенцијата Поповски во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на државата во вкупен износ од 4.386.033 денари (околу 71 илјади евра), велат од МВР. Полицијата додава дека Поповски овозможил и две фирми противзаконски да се стекнат со имотна корист од околу 150 илјади евра. Фирма од Радовиш со помош на Поповски се стекнала противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари (123 илјади евра), а фирма од Скопје со 1.517.0339( 24 илјади евра), соопшти МВР.
Поповски и претходно има кривични пријава за злоупотреба на службената положба додека бил директор на АХВ.