МЗ – 67% од заразените и 78% од починатите од ковид не биле вакцинирани
![МЗ – 67% од заразените и 78% од починатите од ковид не биле вакцинирани](https://gdb.rferl.org/1bcf0000-0aff-0242-5d27-08d9c52b809f_w800_h450.jpg)
Во изминатите пет месеци од луѓето кои се заразиле со ковид 67 отсто биле невакцинирани, наведува Министерството за здравство во анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19. Анализата се однесува на период од 6 август заклучно со 30 декември.
Во тој период со ковид се заразиле 69.242 граѓанин, а од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид 19. Според статистика, 46.246 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани, наведува Министерството за здравство.
Една година вакцинација, половина свет вакциниран
Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со ковид 19. Од нив 1913 пациенти не биле вакцинирани, а останатите 534, односно 22 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат.