Екипаж на бугарски брод е заразен со ковид-19, едно лице почина
Екипажот на бугарскиот брод, кој плови под знамето на Малта и се наоѓа во Варненскиот Залив, е заразен со коронавирус, објави БНР.
Според информациите, синоќа починал готвачот на бродот.
Се очекува денеска на бродот да пристигне истражител за да го расветли случајот.
Нови 542 случаи на коронавирус, седуммина починати
Обвинителството во Варна денеска соопшти дека истрагата е во тек.
Во моментов се врши дезинфекција на бродот за да може да дојде тим од лекари и истражители, со цел да се утврдат причините за смртта на членот на екипажот.