Нови 542 случаи на коронавирус, седуммина починати
Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 542 случаи на коронавирус во Македонија, а седум луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 5.990 тестирања. Починатите се на возраст од 46 до 81 години.
Ова е најголем дневен број на регистрирани нови случаи во земјава од 9 ноември.
Една година вакцинација, половина свет вакциниран
Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје Скопје – 280, во Битола има 52, Охрид 32, Кавадарци 31, Прилеп 28, Струмица 20, Куманово 13, Гевгелија 11, Кичево 9, Штип и Ресен по 8, Валандово 7, Велес 6, Струга и Неготино по 5, Тетово и Радовиш по 4, Кочани 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 2, и по еден нов случај во Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица.
Регистрирани сe 298 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.