Сатлер: БиХ има шанса за кандидатски статус во ЕУ
Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер изјави денеска дека земјата има шанса да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.
„Тоа би бил добар сигнал за луѓето во БиХ, но ние не сакаме да се гледа како награда за политичарите кои досега направиле малку“, кажа Сатлер во Бања Лука.
Тој ги повика политичарите во БиХ да го искористат времето пред изборите за да преземат одредени чекори. Сатлер смета дека многу малку е направено во изминатиот период и посочи дека не се работи доволно за случаите на корупција и организиран криминал.
Во Брисел прифатен договорот за принципите за функционална БиХ
Тој потсети дека БиХ го поднела барањето пред седум години и дека оттогаш се исполнети многу малку услови, но и дека земји како Словенија, Хрватска и Австрија се залагаат за доделување статус на кандидати на БиХ.