Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на САД Анџела Агелер

0
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на САД Анџела Агелер

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма од американскиот претседател Џо Бајден, со кои Анџела Прајс Агелер е именувана за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Акредитивните писма амбасадорката Агелер му ги предаде на Пендаровски на церемонија во претседателската Вила Водно.

Пендаровски ѝ посака на Агелер успех во вршењето на функцијата и рече дека Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, за кои посочи дека земјата ги смета за голем пријател, значаен економски партнер и искрен поддржувач во најтешките моменти уште од независноста на земјата.

„Посебно ме радува фактот што во изминатиот период билатералните односи меѓу нашите држави ги градиме и унапредуваме како сојузници во НАТО Алијансата, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и човековите права, како и заложбите за меѓународен поредок базиран врз правила“, рече Пендаровски.

Пендаровски, исто така, изрази благодарност за поддршката на САД за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија и додаде дека на тој пат „анахроните теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини претставуваат сериозна пречка која има потенцијал да го закочи интегративен пат на земјата“

„И со самото тоа, да го држи целиот регион во неизвесност, а тоа генерира нестабилност. Всушност, започнатиот дијалог во рамките на Самитот за демократија, под водство на претседателот Бајден е најдобриот показател кон какви цели треба да се стремат демократските држави во меѓусебните односи“, рече Пендаровски.

Корупцијата и судството приоритети на новата американска амбасадорка

Амбасадорката Агелер рече дека повеќе од 30 години работат заедно за Северна Македонија да го добие „заслуженото место поголемата европска заедница“, преку поддржување на основните вредности на една просперитетна демократија, како почитување на владеење на правото, еднакви можности за правда, економски раст и лично изразување, како и преку посветеност кон постигнувањето на овие цели отворено и транспарентно.

Таа рече дека Северна Македонија се соочува со предизвици во темелите на сите овие столбови, но дека на патот напред „САД ќе бидат тука како партнер, сојузник и пријател, негувајќи односи, што ќе стануваат се посилни, подлабоки и попродуктивни.“

Таа додаде дека Северна Македонија се соочила со големи предизвици и дека донела тешки одлуки на патот кон евроатлантските интеграции, како промената на името за да стане 30-тата членка на НАТО и отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија, но посочи дека „иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици.“

„Денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. Соединетите Американски Држави, Амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани. Европа се соочува со најголемата закана, каква не е видена со генерации, а Северна Македонија, како сигурен, активен сојузник во НАТО, придонесува за безбедноста и стабилноста во Европа“, рече Агелер.

Ова не е прв ангажман на Агелер во Македонија, бидејќи претходно во нејзината дипломатска кариера таа била ангажирана и како претставник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје.

Во нејзината биографија се наведува дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик. Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о ходе строительства Троицкой линии метро





Москва

«СВЯТОЙ ЛЕНИН» правит миром, расшифровал «ДНК В.И.Ленина», отменяет налоги. И… отключает институты времени. Разгадка «научных теорий заговоров».


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о ходе строительства Троицкой линии метро



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Дора

Тейя Дора с трудом прошла в финал | Развлечение




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Турнир по бильярдному спорту «Кубок Мэра Москвы» продлится до 18 мая в столице

Пензенские регбистки выиграли первенство России

«БЛИЦ», «БИТВА СТРАТЕГИЙ», «ДУАТЛОН» инсайд новых дисциплин в спортивном программировании


Новак Джокович

Теннисист Джокович раздавал автографы в шлеме после попадания бутылкой в голову



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Ступине приступили к благоустройству Пушкинского сквера



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России