ЕУ очекува рецесија во текот на зимата
Европската унија- ЕУ ја намали прогнозата за економскиот раст за следната година, велејќи дека 19-те земји кои ја користат валутата на еврото ќе паднат во рецесија во текот на зимата бидејќи инфлацијата продолжува да трае подолго од очекуваното, а високите трошоци за гориво и греење ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите.
Прогнозата за раст за цела 2023 година е намалена на 0,3 отсто од 1,4 отсто што се очекуваше во претходната прогноза од јули.
„Економијата на ЕУ е на пресвртница“, рече Паоло Џентилони, европскиот комесар за економија.
Највисоки претставници на ЕУ повикуваат на заедничко задолжување за справување со енергетската криза
Тој додаде дека по изненадувачки силната прва половина од годината, економијата на ЕУ го загубила моментумот во третиот квартал, а неодамнешните податоци укажуваат на пад во текот на зимата.
„Изгледите за следната година значително ослабеа“, додаде тој.
Есенската прогноза на Европската комисија објавена денеска предвидува пад на економијата во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година. Високите цени на енергијата, зголемените трошоци на живот, повисоките каматни стапки и забавувањето на глобалната трговија „ќе предизвика ЕУ, еврозоната и повеќето земји-членки да влезат во рецесија во последниот квартал од годината“.