АА: Таравари на средба со Ковачевски денеска во Влада
В.д. претседателот на Алијанса за Албанците денеска напладне ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, соопптија од партијата.
Оттаму информираат дека средбата ќе се одржи во Влада, по што Таравари ќе се обрати пред медиумите.
Алијансата е за предвремени избори, но бара сплотеност во време на криза
Нема информации за темите на разговор меѓу Таравари и Ковачевски, ниту за поводот за средбата.
Сепак таа доаѓа во период кога во дел од медиумите изминатиот период кои сеповикуваа на партиски извори, се објавуваа информации за можен влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Сепак ваквите тврдења беа негирани од премиерот Ковачевски.
Нема консензус за уставни измени по лидерската средба
Претходно, на почетокот на месецов во Собрание Ковачевски свика лидерска средба, каде се сретна со сите лидери на партиите кои се дел од Парламентот, каде тема главна тема на разговор беа евроинтеграциите.