Времето денеска: умерено облачно
Наутро со слаб локален снег претежно на североистокот, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 1 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 9 степени.