Бесими: Мора да се надминат бирократските пречки за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања
Мора да се фокусираме да надминеме секакви евентуални бирократски или други препреки за да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ Сител „Проблемот со набавка на лекови за ретки болести е од поодамна. За последниот случај имаше заклучок на Влада, имаше состаноци за да се реши проблемот, се најде решение, се донесе одлука на Влада дека ќе се излезе во пресрет и вчера се донесе одлука тоа да се реализира најбрзо што може“, рече Бесими. Читать дальше...