Амнестија во пресрет на уставни измени?
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за амнестија на осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април. Овој предлог доаѓа пред пратениците во исто време кога се подготвуваат и уставни измени. Јавна поддршка за амнестија веќе даде владиниот коалициски партнер Стојанче Ангелов.