Гробот на Гоце како поле за зближување или разединување на Скопје и Софија?
Затворени улици и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, на годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас ќе го посетат делегации од Македонија и организирана група граѓани од Бугарија. Ќе успее ли МВР да обезбеди достоинствено чествување?