Нема серум против беснило, доцнат тендерите
Од Инфективната клиника велат дека во цела држава нема серум против беснило поради проблеми со тендерите. Повеќе од 40 години нема регистрирано случај на беснило, но сепак, лекарите предупредуваат
дека државата мора да располага со одредени количини од серумот ако се појави потреба.