Фармери со трактори протестираат во Париз против забраната за пестициди
Француските фармери денеска влегоа со стотици трактори во Париз во знак на протест против ограничувањата за пестициди и другите еколошки регулативи за кои велат дека го загрозуваат земјоделското производство во најголемата земјоделска сила во Европската унија. Акцијата уследи по пресудата на судот на ЕУ минатиот месец со која се поништи француската политика со која им се дозволува на одгледувачите на шеќерна репка да користат инсектицид забранет од ЕУ, предизвикувајќи загриженост за натамошно намалување на насадите на репка и затворање на фабрики за шеќер.
„Нашите средства за производство постојано се поткопуваат со забрани без решенија“, изјави за Ројтерс Џером Деспеј, генерален секретар на главниот синдикат на Франција. Еколошките активисти велат дека остатоците од пестициди ги оштетуваат почвите и дивиот свет и ја поздравија пресудата на ЕУ против употребата на инсектициди кои можат да им наштетат на пчелите.