ДУИ се надева на „два во еден“ против спортските обложувалници
Владата предлага спортските обложувалници и автомат-клубовите да не смеат да бидат поблиску од 500 метри до училиштата. Сличен предлог имаше ДУИ во 2018, но не помина. Во Асоцијацијата на спортски обложувалници реагираа дека ваков закон само ќе им го уништи бизнисот, илјадници луѓе ќе останат без работа, владата ќе остане без милионски приходи, а ќе се појават диви обложувалници.