Дебата за Србија и Косово во Европскиот парламент
Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент денеска ќе расправа за извештаите за Србија и Косово, во кои тие ја повторуваат целосната поддршка за специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и повикуваат Србија и Косово да работат заедно со добра волја и во духот на компромисот, да се ангажираат за постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите во согласност со меѓународното право.
Србија и Косово се повикани целосно да ги имплементираат сите релевантни договори, „вклучувајќи го и формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство“. Извештаите ги осудуваат сите дејствија кои ја загрозуваат стабилноста и го доведуваат во прашање процесот на помирување, изразуваат сериозна загриженост за тензиите на северот на Косово и пукањето на Божиќ и потсетуваат на заедничката одговорност за мирот и владеењето на правото за сите луѓе во Косово.