Сите бегаат од одговорност, а власта набавува лек за само неколку пациенти со цистична фиброза
Никој ниту презема, ниту чувствува одговорност за луѓето кои умираат поради нефукционалниот здравствен систем. Државата најде пари за неколку најкритични пациенти со цистична фиброза еден ден по смртта на Благојче Илијевски, кој три години го чекаше лекот од јавното здравство.