Времето денеска сончево и студено
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Инаку, изутринава во седум часот во цела држава беа регистрирани минусни температури.
Најстудено беше во Берово, каде се регистрирани - 13 степени, во Маврови Анови беше -10, во Крива Паланка и Битола, - 9, во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Попова Шапка -8, во Тетово, Прилеп и Струмица -7, Крушево и Виница -6, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, -5 во Гевгелија и Куманово, -2 во Дојран.
На Попова Шапка има 50 сантиметри снег, 18 во Маврови Анови, три сантиметри во Крушево.