Нови земјотреси во Турција
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во областа на турскиот град Кахраманмарас, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот е регистриран во 21:33 часот по локално време со епицентар на 21 километар од градот на длабочина од два километри.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на градот Хекимхан.
Земјотресот е регистриран во 19:29 часот по локално време со епицентар на 13 километри од градот на длабочина од три километри.
ЕМСЦ објави дека ваквите силни последователни потреси се нормални по силни земјотреси и ќе траат со недели и месеци.
Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран рано изутрината на 6 февруари во близина на Газиантеп, Турција, во кој беше погодена и Сирија, а истиот ден попладнето се случи уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени.
Повеќе од 24.900 згради се уништени или оштетени во Турција
По првиот земјотрес во понеделникот, наводно имало 1.891 последователни потреси.
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во неделата ги погоди Турција и Сирија се искачи на 33.000, а Обединетите нации предупредуваат дека конечниот биланс може да се удвои.
Официјални лица и медицински лица соопштија дека 29.605 луѓе загинале во Турција и 3.574 во Сирија од земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во понеделникот, со што вкупниот број потврдени до недела попладне достигна 33.179.