Земјотрес од 6,1 степени според Рихтер го погоди брегот на Нов Зеланд
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд во близина на Велингтон на длабочина од 48 километри соопшти владиниот сеизмички монитор Геонет, наведувајќи дека епицентарот бил на 50 километри од градот Парапарауму. Сведоци изјавиле за Ројтерс дека почувствувале силно тресење кое траело неколку секунди во главниот град Велингтон.
Нов Зеланд лежи на сеизмички активниот „Огнен прстен“, лак од вулкани и океански ровови долг 40.000 километри што го опседнуваат поголемиот дел од Тихиот Океан. Ова доаѓа откако циклонот Габриел предизвика значителна штета оваа недела во Нов Зеланд, оставајќи 4 мртви, повеќе од 10.000 раселени и голема штета.