Блинкен во посета на Германија, Турција и Грција
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја започнува посетата на Германија, Турција и Грција која ќе трае до 22 февруари.
Како што соопшти Стејт департментот, Блинкен ќе учествува на безбедноснаta конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.
„Блинкен ќе ја посети воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција на 19 февруари за да види од прва рака како САД им помагаат на турските власти по разорниот земјотрес на 6 февруари“, изјави портпаролот Нед Прајс.
Во Грција Блинкен ќе разговара со премиерот на земјата, министерот за надворешни работи и лидерот на опозицијата, рече Прајс.
Тој додаде дека Блинкен ќе го започне четвртиот круг од американско-грчкиот стратешки дијалог на 21 февруари.