Стразбур засега не ги ослободи од гонење Груевски и други екс-функционери
Судските предмети Транспортер , Тортура, ТНТ и Титаник не потонаа иако се повикуваа на аболицијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов. Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на осуммина поранешни функционери како преуранета. Сепак имаат право повторно да се жалат пред истиот суд. За Обвинителот Јовески ова е доказ за доверба во македонските институции.