ЕБОР - намалена проекција за растот на БДП за Македонија
Европската банка за обнова и развој во своите ажурирани економски прогнози во проценките за Македонија наведува дека додека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти.
Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година.
Во однос на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.
Се наведува дека високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции.