Нов бран протести во Иран
Со протести во многу градови низ Иран со кои демонстрантите повикаа на соборување на Исламската Република беа одбележани 40 дена од егзекуцијата на двајца демонстранти.
Мохамед Мехди Карами и Сејед Мохамад Хосеини беа обесени на 8 јануари. Двајца други демонстранти беа егзекутирани во декември.
Протестите што го зафатија Иран започнаа во септември минатата година по смртта на Махса Амини, притворена поради кршење на правилото за хиџаб, во притвор.
Иако се чинеше дека протестите стивнаа во последните недели, веројатно поради егзекуции или брутално задушување, актите на граѓанска непослушност продолжуваат.
Во меѓувреме, властите не се откажаа од политиката на задолжително носење хиџаб. Во последните недели медиумите во Иран пишуваа за затворање на неколку компании, ресторани и кафулиња поради непочитување на правилата за хиџаб, а иранските власти ги повикаа синдикатите построго да ги спроведуваат прописите за хиџабот.
Студентките кои беа несоодветно покриени беа предупредени минатиот месец дека ќе им биде забранет влезот на Универзитетот во Техеран, додека локалните медиуми објавија дека околу 50 студенти биле спречени да влезат на Универзитетот во Урмија поради кршење на правилата за хиџаб.
Активистите за човекови права велат дека од септември се убиени повеќе од 500 демонстранти, меѓу кои и 71 малолетник. Приведени се речиси 20 000 луѓе. Од судството велат дека се обесени најмалку четири лица.