Од 94 обвинети од СЈО, зад решетки се Мијалков, Јанкулоска и Талески
Укинати пресуди, вратени предмети на повторно судење, петгодишни судски рочишта, намалени затворски казни е исходот од предмети поврзани со аферата за масовното прислушување на над 20 илјади луѓе. Тогашното СЈО поднесе 17 обвиненија против 94 луѓе, а затворска казна денеска одлежуваат десетина, а неколку живеат во азил.