Дојава за бомба на скопскиот аеродром
На меѓународниот аеродром во Скопје се спроведуваат антитерористички проверки по добиената пријава за испратена закана за поставена бомба, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Скопскиот аеродром и претходно беше цел на дојави за поставени бомби, што подоцна се утврди дека се лажни.
Претходно денеска полицијата соопшти дека се спроведуваат безбедносни проверки во осум училишта во Скопје и во две во Прилеп, откако утрово на нивните електронски адреси пристигнале закани за поставена експлозивна направа.
Инаку, лажните дојави се испраќаат од месец октомври, и таргетираат главно училишта, но не се исклучени и трговски центри, станбени згради, стратешки објекти како Железница, Аеродромот, владини институции. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се работи за хибридна војна, а на испраќачите тешко им се влегува во траг.