Пациентите и правдата-колатерална штета на партиските битки во Собранието
Пратениците шести ден по ред дебатираат за владината реконструкција, а крајот на расправата не се гледа. За тоа време министерствата за здравство и правда се обезглавени и нема кој да потпише ниту набавка на лекови, ниту пак да се спроведат предмети кои се врзани со рокови како што е екстрадиција.