Почувствуван земјотрес во Кичево
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран изутрина во 1 часот и 27 минути 64 километри југозападно од Скопје од епицентралното подрачје Кичево.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Силен земјотрес на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија при што загинаа илјадници луѓе. Во тој регион и во понеделникот имаше земјотрес во кој повторно имаше неколку жртви. Оттогаш послаби земјотреси се почувствуваа во неколку земји во регионот, како на островот Крк во Хрватска, во Албанија, Романија.